Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата
ТИТАН УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Референт за набавки
Референтот за набавки ќе биде задолжен за процесирање на барањата за набавки согласно процедурата за набавки на компанијата, комуникација со добавувачите и изведувачите на компанијата; подготовка на тендери, компарација и комерцијална евалуација на пристигнатите понуди, подготвување на порачки како конечен документ за секоја договорена набавка, по потреба процесирање на рекламации за несообразност на примен производ, следење на испораките на порачаните материјали, како и организирање на транспорт и комуникација со шпедиција при увоз/извоз на производи. За своето работење ќе одговара на Менаџерот на Секторот за набавки и магацинско работење. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Компанијата обезбедува дополнителни бенефиции, како платена исхрана, приватно здравствено осигурување и други поволности, како бонус за успешно работење.
Квалификации:
Конкурентски предности:
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
Аплицирањето може да се врши само на веб страницата на ТИТАН УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера / Придружете ни се.
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределeно.
ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Software Powered by iCIMS / Software Powered by iCIMS
www.icims.com